Уапсен е 42-годишен штипјанец откако насилно влегол во црква во Кочани и притоа одзел предмети и пари што ги оставале верниците.
„МВР информира дека во саботата во 11.40 часот во Кочани, по преземени мерки во врска со претходна пријава од истиот ден полициски службеници го лишиле од слобода О.С.(42) од Штип, поради тоа што околу 05.40 часот во верски објект црква „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани со употреба на физичка сила насилно влегол во службени канцеларии на објектот и одзел предмети и пари“, се вели во соопштението на МВР.
Од таму додаваат дека за настанот бил известен јавен обвинител и бил извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се вели во билтенот на МВР.