Штип го бележи вториот случај на повторување на корона вирусот кај маж вработен во конфекција

Во Штип е регистриран втор случај на повторување на коронавирсуот кај маж вработен во една конфекција во градот. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип вели дека работникот првиот пат би позитивен пред неколку месеци, а бил откриен при масовното тестирање во текстилните конфекции. Првиот пат тој бил асимптоматски, додека деновиве појавил поблаги симптоми на вирусот, по што бил тестиран и били позитивен на коронавирусот.

Претходно во првиот случај  46-годишен маж беше позитивен, а по неколку месеци се заразил по контакт од текстилниот калстер и заврши во болница.

За разлика од пред неколку месеци  Штип има пад на активните случаи и поголем број оздарвени.

Деновиве се појавиле позитивни случаи во две фирми во Штип, од кои една е текстилна. Димитрова вели дека останатите случаи кои се појавиле изминатите денови се контакти, а имале и цели семејства кои се заразиле по годишниот одмор.