Шпаркасе Банка Македонија ќе ги исплати пензиите во сабота

Ве известуваме дека на 28 декември (сабота) Шпаркасе Банка Македонија ќе ги исплати пензиите на сите клиенти што ја примаат својата пензија од ПИОСМ, а се корисници на услугата „Пензија на 1-ви“, се вели во соопштението од Шпаркасе Банка Македонија.

Пензијата може да се подигне во нашите филијали или на банкоматите во земјата. 

Сите информации за предностите на Пакетот за пензионери може да ги дознаете во филијалите на банката или во Контакт центарот на тел. број: + 389 2 3200 600.