Четиринаесеттиот ден од годинешното издание на „Охридско лето“ резервиран за Шпанската вечер, со ариите на тенорот Акилес Мачадо, во пијано придружба на нашиот Андреја Наунов.
Маестро Акилес Mачадо е роден во венецуеланскиот град Баркисимето, студент во класата на професорот Вилиам Алварадо на Конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. По преселувањето во Шпанија, благодарение на стипендијата од Шпанската национална банка и Фондацијата „Моцартеум“ од Венецуала, Мачадо студира на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во класата на Алфредо Краус. Во 1996 дебитира на оперската сцена во Каракас со „Љубовен напиток“, а истата година го има и Европското деби во „Магбет“ во театарот на Канарските острови. Неговата кариера е во постојан подем со настапи во најпознатите оперски куќи меѓу кои театарот „Колон“ во Лисабон, Арена ди Верона, Театарот „Сан Карло“ во Неапол, Театарот во Парма, Римската опера, оперите во Вашингтон и Лос Анџелес како и Театарот „Лисеу“ во Барселона, Театарот „Реал“ во Мадрид, Државната опера во Берлин, Германската опера во Берлин, Виенската „Штатсопера“, операта во Цирих, операта „Метрополитен“ во Њујорк како и „Ла Скала“ во Милано.
Пијанистот Андреја Наунов дипломец на Фаĸултетот за Музичĸа Уметност – Сĸопје на одделот пијано во ĸласата на доцент- проф. Симон Трпчесĸи, во чија ĸласа е и
на постипломсĸи студии. Добитниĸ е на државни награди по ĸамерна музиĸа и пијано, а има и оставрено бројни солистичĸи рецитали, настапи со Маĸедоснĸата Филхармонија и орĸестарот на Маĸедоснĸата Опера и Балет. Еден од позначајните настапи се турнеите со неговиот професор Симон Трпчесĸи.
На програмата се популарни песни на Карлос Лопез Бучардо, аргентински арии на Алберто Гинастера потоа Триптих од кубанска поезија на Модеста Бор, како и есенски песни на Антонио Естевез.
За Шпанската вечер резервиана е сцената во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.