Шок цени за лежалки во Црна Гора, дури и до 80 евра

Цените несомнено скокнаа во сите туристички места, но оваа фотографија која се појави на Твитер, ги шокираше туристите кои планираа ова лето да одмораат во Црна Гора. 

Имено, на фотографијата е прикажан ценовникот од едно туристичко место во Црна Гора. 

- Ценовник на лежалки, обични лежалки сет 25 евра, дрвени лежалки сет 35 евра, гарнитури 30 евра комплет, кружни софи 40 евра, настрешници 80 евра, една лежалка без чадор 10 евра, покажува ценовникот од фотографијата. 

Премногу скапо, коменира јавноста и прашува дали цените се вакви низ цела приморска Црна Гора ова лето?