Шилегов се откажа од Винтерленд

Шилегов во пресрет на празниците најави дека градот ќе биде украсен, а дека оваа година ќе нема „Винтерленд“ и новогодишниот дочек на плоштадот.

Инаку населбата Винтерленд за прв пат беше организирана во 2018 година.  Во неа претходните неколку години имаше куќички украсени во новогодишен амбиент и мала сцена на која секојдневно се организираа настани. Во населбата имаше и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. На средината беше поставена голема новогодишна елка. 

Оваа година поради пандемијата со корона вирусот, Винтерленд нема да се организира.