Шилегов: Прекините на водоснабдувањето во Аеродром ќе бидат минато

Градоначалникот Шилегов и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски  денеска извршија увид во градежните работи за поставување вововодна цевка што ќе ги реши проблемите со водоснабдувањето  во Аеродром.

– Прекините на водоснабдувањето во  Аеродром ќе бидат минато за граѓаните на оваа општина.  Непланскиот развој и нејзината брза урбанизација, за жал не ја следеше и изградба на соодветна инфраструктура, токму заради тоа во изминатиот период граѓаните на општина Аеродром и дел од Кисела Вода имаа проблем со водоснабдувањето.Со поставување на цевката со пречник ∅400очекуваме во целост да им ги решиме проблемите со прекините во водоснабдувањето на жителите во општина Аеродром и Кисела Вода, особено на тие што живеат на погорните катови на висококатниците во Аеродром– истакна Шилегов.

Оваа водоводна линија поврзува две општини во Скопје, Аеродром и Кисела Вода.

– Град Скопје и ЈП Водовод и канализација и во иднина ќе се грижат за вистинските интереси на граѓаните. Ќе инвестираме во нова водоводна и канализациона мрежа за да обезбедиме поквалитетни услуги на нашите сограѓани. Ќе продолжиме и понатаму парите од даноци и комуналии да ги користиме за решавање на клучните проблеми на граѓаните кои беа запоставувани во изминатиов период од претходната градска администрација – порача Шилегов.

Тој додаде дека Град Скопје не смее во 21-ви век да се соочува со ваков тип на проблеми како последица од непланската урбанизација и дека само со одговорно планирање на урбанизацијата на градот во иднина ќе се спречат ваквите проблемите кои го попречуваат нормалното функционирање на граѓаните.

air max 90 essential sale