Шилегов одлучи да го продава градскиот мерцедес

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, одлучи да го продава мерцедесот што го наследи од својот колега, Коце Трајановски. Според Шилегов, ова возило не е функционално, старо, небезбедно и ја загрозува животната средина.

Произведено е во 2003 година, има поминато 14.000 километри. Возилото ќе се продава на јавно наддавање, но треба да се направи проценка за да се утврди неговата почетна цена.

Во меѓувреме, скопскиот градоначалник, за службени потреби најчесто го користи сопственото возило. Во иднина, како што неодамна напоменаа од Градот, градоначалникот нема намера да набавува луксузно возило. Не е исклучена можноста, возниот парк на Град Скопје да се прошири, но со возила за потребите на администрацијата. Во тој случај, би се купиле електромобили или екоавтомобили.

Инаку, мерцедесот што го користеше Трајановски, всушност, беше доделен на користење на Град Скопје од страна на Агенцијата за одземен имот. 

 

nike air max 1 sale