Паднати дрвја, превртени контејнери и разлетани кровови од згради и други објекти, како и полициски контроли кои го пренасочуваа сообраќајот беше сликата од синоќешното невреме предизвикано од силниот ветар што го погоди Скопје.
Паднати лимови имаше на секаде, особено по најпрометните улици и булевари, а измерената брзина на ветерот беше поголема од 70 километри на час. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ги повика граѓаните да внимаваат на себе и порача дека градските служби веднаш започнале со собирањето на паднатите лимови.
Градскиот татко најпрво објави неколку фотографии од расчитувањето на последиците од невремето, а доцна во ноќта сподели видео на кое напиша: Мирна ноќ ти посакувам, граду мој!