Шилегов на фејсбук: Скопје, една поинаква приказна, за 10 дена реконструиран булеварот кај Судската Палата

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, вчера на својата фејсбук страна објави фотографии од булеварот „Крсте Мисирков“ кај судската палата кој целосно се реконструираше за само 10 дена. А, синоќа на терен видливо беше присуството на екипите на „Улици и патишта“ кои активно работеа на постување на асфалтот. 

Пред 10тина дена градоначалникот Шилегов изврши увид во реконструкцијата на булеварот при што напомена дека новите стандарди на квалитет во работењето, градењето по план и рекордно брзите рокови во кои ги завршуваат реконструкциите се нешто што граѓаните го препознаваат и поздравуваат секојдневно. 

Реконструкциите на сите улици од и од годинешнава градежна офанзива ги завршуваме со рекордно кратки рокови со цел да обезбедиме услови за одвивање на сообраќајот без создавање на сообраќаен метеж, додаде тој на стартот на реконструкцијата. 

Реконструкцијата на булеварот се изведува во должина од 550 метри, а реконструкцијата на оваа сообраќајница од Буџетот на Град Скопје ќе бидат потрошени околу 32 милиони денари.