Шесткатници ќе се градат на местото на старата млекарница

Според Деталниот урбанистички план на просторот на старата скопска млекарница ќе никнат нови станбени згради и објекти за комерцијална намена. Планот предвидува градба на објекти за домување со приземје и шест ката и објекти за комерцијална намена, со мала површина, не поголеми од 40 квадратни метри. 

Потенцијалниот инвеститор се' уште е непознат, тврдат од општина Гази Баба, а теренот за градба се подготвува и во тек се зафати за уривање на објектот на некогашната млекарницата, која одамна престана со работа. Повозрасните ја паметат како голем гигант и производител на млеко, а малку помладите по познатиот сладолед „снежец“. Градежната парцела, која се подготвува за потенцијалниот инвеститор, е со површина од 15.588 квадратни метри. 

„Согласно ДУП за градска четврт СИ 07 за градежна парцела 5,3 планирано е А2 домување во станбени згради со можност за компатибилни класи наменети и тоа Б1 мали комерцијални намени, Б2, Б4, Б5, В1, В4 и Д3 со максимален процент 40. Површината на градежната парцела е 15.588 квадратни метри, а вкупна максимална површина за градба е 5.555 квадратни метри и вкупна развиена површина за градба 19.500 квадратни метри. Катноста е П+6+ПК. Разработката на градежната парцела ќе следува со ДУП. До сега нема поднесено барање за ниту една градба на ова место, објасни Емилија Кипровска, одговорна за информирање во општина Гази Баба.

Од општината очекуваат доправа да се јават потенцијални инвеститори заинтересирани за градба на објекти за колективно домување, кои подоцна ќе ја дефинираат новата градежна површина.