Шестгодишнo девојче од Струмица ја донираше својата коса за децата болни од рак

Шестгодишната Стефани Петковска од Струмица ја донираше својата коса за децата болни од рак, објави „Струмица денес“ на нивниот профил на фејсбук.

-Големо дело од малата хероина, која ја заслужува нашата почит и благодарност, за тоа што е достоен пример за сите нас. Ти благодариме Стефани, пишува во нивната објава.

Претходно такво нешто направи и деветгодишниот Максим Каески, кој неколку години ја чувал својата коса за да ја донира на децата болни од рак.