Шест причини поради кои треба да се бакнувате

Доколку сте во врска или во брак, веднаш дофатете го својот партнер и дајте му го најстраствениот бакнеж во животот. Ако сте сами, под итно најдете некој со кој ќе се бакнувате. Еве и зошто.

Бакнежите нѐ зближуваат со саканата личност

Бакнежот претставува главен начин за романтично поврзување на двајца луѓе. Со секој бакнеж нашето тело лачи хормон на среќа окситоцин кој е заслужен за чувството на припадност и за емотивната блискост.

Бакнувањето ја зголемува сексуалната желба

Сите знаеме колку добриот и редовен секс е важен за целокупното физичко и ментално здравје, но и за самодовербата. Меѓутоа без квалитетна предигра зачинета со бакнежи, сексот нема да ги даде сите свои лековити дејства.

Бакнежите нѐ штитат од болести

Со размена на плунка го јакнеме имунитетот, се штитиме од болести, а посебно од вирозите кои демнеат околу нас во овој период од годината. Чувството на среќа и оптимизам по романтичниот бакнеж му дава на организмот дополнителна енергија да се избори со сите проблеми.

Бакнежот е еликсир на среќа

Додека се бакнуваме, покрај окситоцинот, се лачи и ендорфин, хормон кој го поткрева расположението. Зошто да пиеме антидепресиви, кога можеме да се бакнуваме?

Бакнежите ја ублажуваат болката

Уште еден хормон тече низ нашите вени додека се бакнуваме. Станува збор за адреналинот кој ни ја забрзува работата на срцето, а со самото тоа ја забрзува циркулацијата. Сите се колнат дека најдобар лек за главоболка е токму бакнежот.