Шест лице се обиделе да ограбат 15-годишник во Аеродром, но откако не му нашле пари, еден од групата го натепал

Шест лица на возраст од 17 до 20 години, се обиделе да ограбат 15-годишник, но откако едниот од нив не нашол пари кај него, физички го нападнал.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (13.11.2025) во 14:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(49) од Скопје пријави дека на 12.11.2025 околу 22:15 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 15-годишен син бил пресретнат од шест лица на возраст од 17 до 20 години, а еден од нив му се заканил и му побарал пари, но откако не нашол пари кај оштетениот, физички го нападнал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.