Шест години од смртта на Данило Коцевски - писател и хроничар на Скопје

Се навршуваат шест години од смртта на писателот и хроничар, Данило Коцевски кој почина на 73-годишна возраст.

Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Еден е од иницијаторите за основање на Институтот за македонска литература, заедно со Георги Сталев, Слободан Мицковиќ и Душко Наневски, на почетокот на осумдесеттите години.

Член на Друштвото на писателите на Македонија станал во 1973 година. Со група еминентни македонски писатели основач е на здружението на Независните писатели на Македонија, во текот на 1993-1994 година. Како дваесетгодишник (1967) професионално се вработува во редакцијата на весникот „Млад борец”, а подоцна преминува во културната редакција на тогашната Радио – телевизија Скопје (1973).

Најпрвин бил член на редакцијата на познатото списание за уметност и култура „Разгледи”, а потоа и негов главен и одговорен уредник. Од 2008 – 2012 година ја извршувал функцијата директор на Струшките вечери на поезијата. Првата книжевна творба ја објавил во весникот „Нова Македонија” во 1962 година.

Познат е пред се како книжевен критичар и теоретичар. Добитник е на еминентни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, a негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Познат е и како хроничар на градот Скопје, со неколку издадени книги и повеќе документарни и телевизиски емисии посветени на градот. Досега има објавено триесетина дела од најразлични жанрови. Освен книгите, пишува и драми, од кои неколку се изведени и наградени.

Данило Коцевски е роден во 1947 година во Куманово.