ШЕСТ ЧАСА ПРАЗНИК ЗА УШИ: „Црвена јабука“, „Рибља Чорба“ и „Ван Гог“ во Скопје

Љубителите на добрата музика уште еднаш ќе имаат привилегија да уживаат во познатите хитови на бендовите кои веќе неколку децении жарат и палат од Вардар, па до Триглав.

Нашата метропола уште еднаш ќе биде домаќин на добро познатите „Црвена Јабука“, легендарните „Ван Гог“ и незаменливата „Рибља Чорба“.

На 19. ноември од 21:00 до 3:00 во „Метрополис арена“ под називот „Скрим мјузик најт“ ќе се одржи шесточасовен музички спектакл каде ќе настапат познатите музички ѕвезди.
Цената на влезниците е 350 денари, а истите ќе може да ги купите на www.kupikartizase.com, Пола Југотон, Југотон, Розе Веро2.