
Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението, а веќе и ја превзема функција од неговата претходничка Данела Арсовска.
Од вечерва почнува акцијата за чистење на градот, најави денеска новоизбраниот татко на метрополата.
Освен за јавната хигиена, како што е најавено, има надеж по долго време да се нормализира јавниот превоз во Скопје.
- Утре, започнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат. Скопје ќе добие и нови проекти а дел од нив ги започнуваме во наредните денови - инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста - Скопје конечно ќе биде отворен град, најави Ѓорѓиевски.
Како што рече пред медиумите, тој веќе разговарарал со дел од стручните служби на ЈСП Скопје.
- Ќе бидат итно преземени чекори во насока на адаптирање на сите оние автобуси кои со месеци стојат неисправни. Второ, дополнително, веќе утре ќе имам состанок со сите приватни авто-превозници и околу 60-тина автобуси ќе бидат пуштени во оптек. Тоа во првиот момент ќе го нормализира транспортот за да не дозволиме, оти доаѓа зима, да студентите, средношколците и граѓаните и повозрасните лица чекаат на ред за автобусите и да ја поминуваат голгота како што беше во изминатиов период, порача Ѓорѓиевски