Шеесет и два филма на 8. “Анимакс Скопје фест”

Под мотото “Не понекогаш. Засекогаш. Анимакс Скопје фест“ од вечерва до 2 декември во Кинотеката на Македонија ќе се одржува 8. Меѓународен филмски фестивал за анимирани филмови “Анимакс Скопје фест”.

Во четирите фестивалски денови ќе бидат прикажани 62 филма – 50 краткометражни и 12 филмови за деца во официјална конкуренција. Тие се избрани од пријавените рекордни 3.234 анимации од 83 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил. Голем дел од филмовите кои ќе бидат во трка за нагадата „Златна тула“ се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија.

Официјалната програма на фестивалот со прикажување на филмовите ќе почнува во 20 часот. Филмовите за деца, пак, ќе се прикажуваат на 1 и 2 декември со почеток во 12 часот, а проекциите се бесплатни. Публиката ќе има можност да гласа за најдобриот филм за деца и да го избере победникот. Во рамки на фестивалот ќе бидат организирани две работилници за анимација наменети за деца, едната “Добар, лош, грд или убав, се се тоа карактери” со менторот Бојан Таневски (30 ноември) и втората “Техника на анимација: цртеж на рака со компјутерска доработка во After Effects” со Маријана М. Симовска и Илчо Симовски (1 и 2 декември).

“Анимакс Скопје фест” е во организација на продуцентската куќа “Аурипигмент”, во соработка со филмското училиште “Тинтири-Минтири” и Кинотека на Македонија и со поддршка од Агенција за филм и Град Скопје.

nike air max 1 sale