Шахта длабока три метри од ноември стои отворена во Тафталиџе

Ако некој се искрши, пак одговорности ќе префрлате, пишува актерот Сашо Тасевски за длабоката шахта која веќе три месеци стои отворена во Тафталиџе.

Дупката, шахта е длабока три метри. Кај педагошка. Тафталиџе. Бев во саботата во сектор канализација во Водовод, рекоа одма ќе стават капак. Денес е четврток. Од минатиот ноември е отворена. Лично ставив со комшија камен блок да ја покриеме, кој е тргнат десетина дена.
Една девојка со куче сега ќе отидеше курбан. И?
Ако се искреше, пак одговорности ќе префрлате, пишува Тасевски.