Сезонците во Хрватска работат за 1.300 евра, претседателот Милановиќ призна дека нивните деца се разгалени

И оваа летна сезона во Хрватска ќе работат работници од Македонија. 

Сезонската работа во Хрватска станува сè попривлечна за македонските работници, со над 10.000 издадени работни дозволи минатата година, што претставува значителен пораст. 

Зголемената побарувачка за персонал во угостителството и туризмот придонесе за раст на платите, при што сезонците оваа година не прифаќаат понуди под 1.300 евра месечно. Работодавците се принудени да нудат подобри услови, вклучувајќи сместување и дополнителни бенефиции.

Македонските работници имаат одлична репутација, а многу од нив се враќаат кај истите работодавачи. Очекувањата се дека трендот на зголемен интерес за сезонска работа ќе продолжи и оваа година. 

Неодамнам хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се осврна на странските работници кои доаѓаат и живеат во Загреб и работат работи за кои верува дека и хрватските деца треба да ги работат.

„Станавме малку разгалени. Во еден момент, ќе мора да видиме каде е таа граница и кои работни места не се достојни за нас и дали навистина треба да ги работи по секоја цена некој што не е од тука и кој доаѓа од далечен свет со своите копнежи, стравови, амбиции и напуштена татковина, бидејќи ова се луѓе како нас“, рече Милановиќ.