Сезона на Водолиите: Што им носи на хороскопските знаци?

Велиме збогум на сезоната на практичните Јарци, а кажуваме здраво на сезоната на иновативните Водолии.

Ова е период на нови познанства, проширување на вашето друштво и исполнување на целите.

Водолиите се управувани од Сатурн и Уран, а тоа ги прави Водолите да ги знаат правилата, но и да имаат желба постојано да ги кршат и да прават големи промени. За време на владеењето на Водолиите, ќе се чувствувате пријатно да се изразите себеси и ќе ги славите малите победи. Освен тоа, ова е период кој носи и голема поддршка од најблиските.

Што им носи сезоната на Водолиите на хороскопските знаци?

Овен

Овните ќе обрнат големо внимание на нивните најблиски во овој период, но истовремено ќе најдат време и за нови познанства. Ќе посакате да минувате повеќе време со оние кои ви значат, а тоа ќе ви донесе и инспирација за нови нешта.

Бик

Сите очи ќе бидат вперени во Биковите, особено на работното место. Ова е одличен период да се поврзете со своите соработници, а особено со шефовите. Ќе бидете мотивирани и ќе постигнувате големи нешта. Искористете го својот потенцијал, а побарајте и покачување на платата или унапредување, ако тоа е нешто што одамна сте го посакувале.

Близнаци

Близнаците се насочени кон разноликоста овој период и тоа ќе ги насочи кон различни луѓе, места и проекти. Не го сфаќајте животот премногу сериозно и уживајте во она што ви го носи овој период. Проширете ги своите хоризонти, тоа ќе ве направи среќни и исполнети.

Рак

Раковите се познати како оние кои чувствуваат силно, но сезоната на Водолиите ќе им донесе можност да размислуваат повеќе. Овој месец може да е малку тежок за вас бидејќи сте навикнати да функционирате на емоционално ниво, а сега ќе треба да ја вклучите логиката особено доколку се поврзувате со нови луѓе. 

Лав

Сонцето го осветлува вашиот сектор на љубовта, па ако не сте во врска, треба да се подготвите за романса. Ако сте во врска, уживајте во љубовта. Сепак, бидете внимателни до 4 февруари бидејќи Меркур е ретрограден, па комуникацијата може да биде малку хаотична.

Девица

За Девиците ова е период кога ќе бидат многу зафатени. Особено важен период за Девиците кои имаат некои цели кои не успеале да ги исполнат досега. Ќе имате можност да работите на својот распоред, да ги запознаете своите колеги подобро и да ги завршите сите преостанати обврски.

Вага

Љубовта е во воздухот. Вашата зона на романса е активирана под влијание на сезоната на Водолиите, па ако сте во потрага по својата сродна душа, ова е вистинскиот момент за тоа. 

Шкорпија

Домашниот живот ви станува голем приоритет. Без оглед на тоа дали ќе минувате време со своето семејство или пак само ќе бидете дома, ова е период во кој ќе уживате во пријатноста на својот дом. 

Стрелец

Ова е месец на поврзување со своите пријатели, роднини, соседи. Ќе бидете особено социјално активни и ќе имате голема потреба од дружење. Ова може да ви донесе нови најдобри пријатели, па затоа уживајте.

Јарец

Сезоната на Водолиите за Јарците носи важна лекција како да поработат на подобрување на своите навики поврзани со финансиите и буџетот. Фокусирајте се на заработката, но уште поважно – на заштедата. 

Водолија

Ова е ваша сезона и период да блеснете. Сонцето престојува во вашата прва куќа и тоа ќе ви донесе силна самодоверба. Ќе бидете свои, автентични и ќе бидете впечатливи. Тоа може да ви донесе унапредување на работа или пак освојување на срцето на личност покрај која ќе се чувствувате убаво.

Риби

Сезоната на Водолиите за Рибите вообичаено е период на тишина. Ова е време кога треба некои работи и луѓе да оставите зад себе и да го најдете мирот со тоа што ќе ги наполните батериите и ќе се подготвите за претстојната година.