Сезона на јагоди: вкусно овошје кое го подобрува имунитетот и ни помага да ги намалиме килограмите

Почна сезоната на јагоди, а ова вкусно овошје содржи многу корисни состојки.

Освен што се превкусни, јагодите се богати со витамини и антиоксиданти кои се одлични за нашето здравје. Ова се многуте бенефити од редовното конзумирање јагоди.

Помагаат во согорување на мастите

Црвената боја доаѓа од антоцијанините кои го стимулираат топењето на наталожените масти. Нашиот организам ги користи како гориво и тоа помага при согорувањето на масните наслаги.

Го подобруваат помнењето

Веќе споменатата состојка антоцијанин е одговорна за подобрување на краткорочното помнење. Истражувањата покажуваат дека краткорочното помнење може да се подобри дури и за 100% за само 8 недели редовно конзумирање јагоди.

Малку калории

Само 100 грама јагоди содржат 33 калории и дури 58 мг витамин Ц што е дури 98% од дневните потреби. Јагодите се богати со влакна, а тоа го забрзува нашиот метаболизам и помага во слабеењето.

Ги ублажуваат воспаленијата

Честите воспаленија се резултат на состојките кои не ни одговараа, а јагодите го намалуваат нивото на Ц-реактивниот протеин кој покажува дека во нашето тело имаме воспаленија. 

Го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања

Редовното конзумирање јагоди го намалува холестеролот во крвта што автоматски го намалува и ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Ова овошје е богато со влакна и калиум кои се докажани како многу корисни за нашето срце и крвен притисок.

Ги јакнат коските

Тие содржат витамин К, калиум и магнезиум кои се важни за здравјето на коските, а биотинот е една од состојките кои помагаат и за јакнење на ноктите и косата.

Го забавуваат стареењето

Јагодите се богати со витамин Ц кој е многу важен антиоксидант и потребен за создавање колаген кој и дава еластичност на кожата. Содржат и елагична киселина која го спречува уништувањето на колагенот.

Го јакнат имунитетот

Како одличен извор на витамин Ц, тие се одлични за подобрување на имунитетот. Содржат повеќе од овој витамин од лимоните и портокалот а во семките содржат и омега 3 масни киселини.

Помагаат во борбата против ракот

Витаминот Ц е корисен за превенција од ракот, а освен тоа тие се богати со флавоноиди кои помагаат во борбата против клетките на ракот и го спречуваат нивното брзо ширење.