Сервисни информации: Каде ќе нема струја, а каде вода денеска?

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска (вторник) ќе останат: 

- Од 08:00 до 09:00 часот, корисниците од дел од улиците: Божидар Аџија, Христо Татарчев, Тодор Паница и Вера Јоциќ. (општина Кисела Вода)

- Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Мирковци. (општина Чучер Сандево)

- Од 10:00 до 12:00 часот корисниците од дел од с.Волково кај обиколницата, ул.5 и околните помали улички. (општина Ѓорче Петров)

- Од 11:00 до 14:30 часот, корисниците од ул. Ринхини. (општина Карпош)

- Од 12:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од с.Кучевиште. (Општина Чучер Сандево).

Без вода денеска од 9 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Ленинова“, „Дебарца“, „Никола Тримпаре“, „Коста Кирков“ и „Борка Талевски“ до булеварот „Св. Климент Охридски“.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради водоводен дефект на улица „Ленинова“ без број. 

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.