Сервисни информации: Еве каде ќе нема струја и вода

ЕВН Македонија за денес информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:

- Од 10:30 до 14:30 часот, дел корисниците од с.Горно Нерези (Карпош);

- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците Ул. Чаирска од бр. 40 до бр. 90, ул Цветан Димов од бр. 4 до бр. 20 (општина Чаир);

- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците дел од потрошувачите околу манастир св.Илија – Чардак и Етновила Весница (општина Чучер Сандево);

- Од 07:30 до 16:00 часот, корисниците ПВ Метало Солар, Фабрика ИЦЕМАК, Дел од ул.1, над маркет Давидов, до кружен тек (општина Аеродром).

Од друга страна, ЈП Водовод и канализација - Скопје, информира дека денеска поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул. Максим Горки бр 13, без вода ќе останат корисниците на дел од ул. Максим Горки.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата се вели во соопштението на претпријатието.