Сервисни информации: Без струја Центар и Карпош, ќе има прекини и во водоснабдувањето

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:

· од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од дел од улицата Тетовска во општина Центар;

· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на последната автобуска станица на ЈСП – линија 57, во населба Нерези во општина Карпош;

· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Орце Николов, Крагуевачка, Драган Ѓаконовски – Шпато, Беджих Сметана и Миладин Поповиќ во општина Карпош.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска без вода ќе бидат дел од општините Центар и Гази Баба.

· поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф- 80 мм на улицата Коле Неделковски бр. 32, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица како и улицата Стефан Јакимов-Дедов во општина Центар;

· поради промена на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на улицата Јани Лукровски бр. 2, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Јани Лукровски, 16-та Македонска Бригада и Трифун Хаџијанев во општина Гази Баба.