Сепак, нема патување во Германија без ограничувања

Меѓународниот аеродром Скопје со информација дека сепак нема да можеме да патуваме во Германија без рестрикции и ограничувања.

Оттаму се извинуваат за погрешната информација која ја пренесоа пред неколку дена, дека Германија ги отвора своите граници за Македонците. 

„Таа одлука не е на сила иако ние како аеродром добивме информација од нашите партнери дека македонските државјани ќе можат да патуваат без приложување на есенцијална причина за патување, а истата информација стоеше и во нашите авијациски системи каде што се ажурираат најновите правила/рестрикции за патување поради Ковид-19 кои важат за различни земји. Во меѓувреме, добивме коригирана информација, дека во Германија сè уште не може да се патува од туристички причини и истото го споделуваме со вас. Ви се извинуваме за ненамерната грешка“, објавија од аеродромот.