Семејно насилство: Скопјанка натепана од синот во семејниот дом

Вчера 55-годишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот син во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.08.2025) во 19:50 часот во СВР Скопје, 55-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот син И.З.(29) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.