Семејна драма во Скопје: Ќерката испратила порака на таткото дека мајка ѝ ја натепала, на која откако ѝ се јавил добил закани

Синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје, С.Б.(49) од Скопје пријавил дека на 03.05.2026 околу 23:00 часот на мобилен телефон од неговата малолетна ќерка добил порака дека била физички нападната од нејзината 43-годишна мајка.

Во полицискиот билтен се наведува дека 49-годишниот скопјанец откако ја контактирал мајката на неговата ќерка, таа телефонски му упатила закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.