Сексуалните работници ќе маршираат во Скопје

Сексуални работници, стриптизери и стриптизети, хотлајн операторки, ескорт девојки и момци, активисти за човекови права и нивни поддржувачи со црвени чадори во рака, ќе маршираат утре во 12 часот од улица Македонија до плоштадот Филип Втори, по повод 17-ти декември Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.

Маршот на црвениот чадор е во организација на Граѓанската иницијатива за застапување и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје, во знак на солидарност и приклучување кон Глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Збирно место е пред платото на спомен куќата на Мајка тереза на улица Македонија.

СТАР е невладина организација која од 2012 година активно работи на имплементација на програмата за ХИВ превенција помеѓу сексуални работници во Република Македонија, поддржана од Министерство за Здравство на РМ и Глобалниот Фонд за борба против Сида, Туберкулоза и Маларија.