Секојдневно изговарајте ги овие реченици и среќата ќе ви се насмевне

Велат дека какви ни се мислите, таков ни е животот. Секојдневно сме окупирани со лоши и тешки мисли, а често не сме ни свесни за тоа, како на пример: „Неделава ќе ми биде тешка“, „Ужасен е денов“, „Немам енергија“, итн. Дури и ако не верувате во Законот на привлечноста кој вели дека каква енергија испраќате, таква ќе ви се врати, поубаво би ви било доколку почнете почесто да се опкружувате со убави мисли. Андреас, од страницата Spirit Science наведува неколку позитивни фрази кои лесно можете да ги вметнете во секојдневните разговори и барем во некоја мера да се ослободите од негативните мисли и ќе ви биде поубаво.

Денот е преубав.
Времето беше преубаво.
Сакам кога ___________.
Благодарен/а сум за __________.
Работите совршено функционираат.
Баш е фин човек/фина личност.
Навистина сум благодарен/а за __________.
Се чувствувам одлично.
Толку сум возбуден/а.
Тоа е фантастично!
Се гордеам со__________.
Навистина сакам __________.
Толку сум среќен/а поради __________.
Имам најдобар/најдобра __________.
Тоа денес баш ме насмеа.
Денес беше добар денот.
Ти благодарам.
Навистина го/ја ценам __________.
Ти си добар/а пријател/ка, сопруг/а, дете, итн.
Тоа е навистина смешно.
Едвај чекам __________.