Секоја зрела жена ги почитува овие пет правила

Зрелите жени знаат што сакаат и не паѓаат во истите стапици. Нивното искуство е нивната главна моќ. Подготвени се да освојуваат нови животни височини. Тие живеат исполнет живот во хармонија со своето битие, а еве до кои правила се придржуваат.

Изберете ги оние кои ве избрале вас

Многу едноставно правило кое ќе ве спаси од губење време, енергија и труд. Ова правило ќе ви го олесни животот. Изберете маж кој веќе одлучил дека вие сте единствена за него. Кажете „ДА“ на работата која ве сака вас. Бидете пријателка со луѓе кои ве сметаат за свои пријатели.

Сите работи си доаѓаат на време. Ако не дојдат, тогаш уште не дошло времето за нив.

Ова правило штеди многу енергија и време. Прифатете дека животот ви ги дава работите кои ги сакате тогаш кога е вистинско време и место. Продолжете да се трудите, а вистинската насока на позитивните случувања ве очекува во совршениот момент.

Никогаш не вели никогаш

Не мислете дека работите секогаш ќе се одвиваат по вашиот план. Понекогаш животот има свои планови, дури и кога не ви се баш по мерак. Прифатете ги промените кои се случуваат, прифатете ги своите грешки и живејте со полни гради.

Не се плашете од ништо

Не трошете скапоцени моменти од животот постојано плашејќи се од нешто. Соочете се со стравот, отфрлете го и не дозволувајте да ве саботира. Страв од одбивање, ризик, неизвесност и промени – сите овие стравови треба да ги отфрлите и да живеете надвор од границите на правилата кои другите ги имаат поставено. 

Паднав, но ја истресов прашината од себе и продолжив напред

Во животот често налетуваме на препреки и се сопнуваме од многу работи. Но, наместо да останеме во прашината и калта и да очајуваме заради неуспехот, да ја истресеме прашината и да продолжиме со крената глава. Ова е нешто што зрела жена би го направила кога нешто не и оди по планот.