Секој четврток од 17 часот аеродромци може да ги кажат своите проблеми и идеи пред надлежните

Продолжуваат отворените денови и средбите со граѓани во Општина Аеродром, информираат од општина Аеродром. 

Вчера, претседателот на советот Дејан Митески заедно со група советници одржаа средба со граѓаните на која тие можеа да ги претстават своите барања, проблеми, како и идеи и решенија за Аеродром.

- Ваквите средби се реализираат со цел полесна идентификација и побрзо решавање на локалните проблеми и тие ќе продолжат и во текот на следниот период - секој втор четврток со почеток од 17:00 часот, велат од локалната самоуправа.