Секогаш е подобро да избереш самотија отколку лошо друштво!

Има луѓе кои едноставно не ве сакаат.  Некои луѓе едноставно сакаат моментално задоволство и забава. На некои луѓе им е досадно, а не ја поднесуваат сопствената самотија, па бараат „жртва“ за да си го пополнат слободното време.

Дали некогаш ви се случило да бидете со некој на кого целосно сте му се посветиле и потоа одеднаш таа личност ве заборавила и набргу си пронашла друга личност, личност која исто како и вие им посветувала време и чувства?

Тоа не е некаква новост, ние луѓето навистина сме себични. Повеќето луѓе гледаат само за себе, гледаат што повеќе да имаат, да им биде подобро и зошто би се грижеле за другите? За жал, тоа е денешната реалност. Колку побргу се помириме со тоа, толку подобро.

Секоја единка на овој свет си има свој сопствен свет во кој живее. Секој човек го гледа она што го гледа, го мисли она што го мисли и секако, постапува онака како што мисли дека е правилно.

Луѓето се онакви какви што се, нема да се променат само затоа што вие тоа го сакате. Тие ќе бидат онакви какви што сакаат да бидат. А на вас останува да гледате за себе и својата благосостојба.

Следниот пат кога ќе се појават личности кои само сакаат да си пополнуваат време со вас, само за да не им биде досадно, тогаш на вас останува да кажете едно големо и јасно НЕ.

Секогаш е подобро да изберете сеамотија отколку лошо друштво, друштво кое само ве исцрпува и кое ве бара само кога на нив им одговара тоа. Понекогаш, потребна е огромна храброст за човек да се избере себеси. Бидете храбри!