Секое утро почнувајте го со сок од ѓумбир

Ѓумбирот е еден од најпопуларните зачини на светот, особено во Азија. Содржи состојки кои поседуваат аналгетско и антиканцерогено делување и е одличен за подобрување на варењето и лечење на настинките.

За имунитет е одличен, треба редовно да пиете ѓумбир бидејќи тој одлично делува на освежување на телото. 

Дополнително, многу истражувања покажуваат дека ѓумбирот е одличен во борбата против туморите, особено кај јајниците. За болести на цревата, исто така ѓумбирот ги ублажува симптомите на иритираните црева. 

Истражувањата покажуваат дека секојдневното конзумирање ѓумбир помага кај Алцхајмеровата болест, во однос на регенерирањето на мозочните келии. 

Добар е и за уморни мускули после вежбањето, најдобро делува ако се конзумира наутро пред било која друга храна. 

Најдобар начин на негово конзумирање е подготовката на сок од ѓумбир. Можете едноставно да го приготвите ставајќи 1 корен ѓумбир во блендер и 1 чаша вода. Можете да го засладите и со агаве или 1 лажица  мед. Се препорачува секојдневно конзумирање наутро.