По повод 26 јули и катастрофалниот скопски земјотрес, oпштина Центар во соработка со Црвен Крст-Центар денеска организира крводарителска акција со цел да потсети на важноста од крводарителството.
- Капката крв навистина значи живот затоа да ја искористиме нашата привилегија како здрави луѓе и да им помогнеме на оние кои во моментов имаат само една желба – да оздрават, велат надлежните.
Крводарителската акција трае до 13:00 часот, дарувајте и спасете живот!