Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ: Земјотресот беше со јачина од 5.0 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, на 11.11.2020 година во 04 часот и 54 минути, регистрира земјотрес. 

Во изјава за ТВ21 тие информираат дека епицентар се наоѓа 50 km југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML5.0, утрово потврдија од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ за Телевизијата 21.