Седумте совети на Руми

Џалалудин Мухамед Руми, познат и како Мевљана, бил поет, правник, исламски ученик и теолог. Се смета за еден од најзначајните и најмистичните исламски поети кои пишувал и творел на персиски јазик.

Името Руми го добил бидејќи целиот свој живот го поминал во Рум, односно во Иконискиот султанат, уште познат како Селџучки и Румски султанат или денешна средна Анадолија, додека својот прекар Мевљана во буквален превод од персиски јазик значи „наш водич или учител“.

Во продолжение следуваат 7 совети од мудриот Руми кои ја кријат вистината на животот:

Во дарежливоста и помагањето, биди како вода која тече.

Во милосрдноста и добродетелството, биди како сонце.

Во покривањето на туѓите недостатоци, биди како ноќта.

Во проблемите и нервозите, биди како мртовец.

Во скромноста и понизноста, биди како земјата.

Во добронамерноста, биди како морето.

Или претставувај се онаков каков што си, или биди онаков каков што се претставуваш.