Седумнаесет лица од Скопје починаа во последните 24 часа, најмладиот на 31 година

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60723, бројката на оздравени пациенти е 37505, на починати е 1699, а бројот на активни случаи изнесува 21519.

Во последните 24 часа починати се 41 лице, се седумнаесет пациенти од Скопје (82, 80, 69, 55, 55, 60, 69, 81, 64, 84, 78, 55, 80, 31, 98, 80 и 49г), двајца од Прилеп (56 и 71г), двајца од Велес (76 и 58г), тројца пациенти од Битола (75, 60 и 77г ), четири од Охрид (60, 74, 72 и 66г), еден пациент од Кавадарци (67г), четири од Гостивар (72, 91, 56 и 54г), тројца од Струмица (78, 63 и 70г), еден од Радовиш (67г), еден од Кочани (68г), еден од Пробиштип (85г), еден од Валандово (75г) и еден пациент од Кичево (66г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60723, од нив 26602 се од Скопје. Бројот на активни случаи изнесува 21519, половина од нив, 10382 се од Скопје.