Седум ситници кои ќе ви откријат дека вашиот партнер ве сака

Како да препознаете дека вашиот партнер ве сака иако тоа сѐ уште не ви го кажал? Доволно е да обратите внимание на неговиот говор на телото и ќе добиете одговор на тоа прашање.

Со говорот на телото тој можеби веќе ви кажал дека ве сака, вие само треба да знаете да ги читате знаците. Мажите често не се ни свесни дека со говорот на телото ги откриваат своите вистински чувства.

Во продолжение прочитајте на кои седум начини со говорот на телото партнерот ви покажува дека ве сака.

Неговите прсти на нозете се насочени кон вас

Кога мажот е вљубен во вас, автоматски ќе се намести така што прстите на неговите нозе ќе се свртат кон вас, без разлика дали седите во кафуле, ресторан или сте дома. Кога прстите се насочени кон вас значи дека постои интерес, а експертите велат дека ова е показател и за малку подлабоки чувства.

Ќе го следи вашиот говор на тело

Кога мажот чувствува блискост, многу е веројатно дека ќе ги следи вашите движења и ќе се синхронизира со нив. Тоа не е нешто за што тој размислува, туку едноставно се случува. На пример, кога одите еден покрај друг, вашите чекори ќе бидат синхронизирани, во исто време како вас ќе посегне по чашата со вода, во исто време ќе изговорите некој збор... во тие моменти ќе сфатите дека функционирате на иста бранова должина.

Имате ритуали кои се само ваши

Тие мали луди ситници ќе ги разберете само вие двајца, а вас може да ви послужат како доказ дека сте му многу поважна од тоа што тој ви го признал.

Долго ве гледа во очи

Кога ќе сфатите дека со партнерот можете долго да се гледате во очи, но навистина долго да се гледате и тоа да ви одговара, тоа разберете го и како знак дека меѓу вас се развива длабока поврзаност. Меѓусебното „зјапање“ може да предизвика непријатност, но кога тоа е нешто во што уживате, значи дека меѓу вас се развила посебна врска.

Не му пречи да го дели личниот простор со вас

Луѓето кои не се заљубени во секоја момент сакаат да имаат одредена доза свој личен простор. Но, кога вашиот партнер ќе се заљуби во вас, односно кога ќе ве засака, ќе се струполи пред вас на троседот без размислување, во ресторан ќе сака да седи на иста страна на масата како и вие... Зошто? Затоа што не му е потребен простор меѓу вас, сака да биде поблиску до вас затоа што ве сака.

Често се смее

Кога човек сака почесто се смее во друштво на својот партнер или партнерка. Кога ќе воочите дека вашиот партнер се смее повеќе и подолго од вообичано или се смее без посебна причина, тоа е затоа што е среќен и заљубен човек.

Ве допира секогаш кога ви е во близина

Ако ја користи секоја можност да ве боцне, плесне, да ве држи за рака... сето тоа се начини преку кои привлекува внимание и всушност ви покажува колку сте му важна, а ништо да не каже.

Познавањето на говорот на телото може да ви покаже дека партнерот ве сака и пред тоа тој да ви го каже. Меѓутоа, кога ќе ги воочите сите овие знаци, ќе можете да се опуштите и да престанете да се мачите со претерано размислување затоа што е само прашање на време кога ќе го слушнете долгоочекуваното „те сакам“.