Седум основни животни правила...

Животот е полн со подеми и падови, успеси и разочарувања. Една од најважните работи во животот е човек после падот да стане, да се истресе и да продолжи понатаму. Не постои ништо подеструктивно од долготрајна депресија. Но, не постои ништо што повеќе мотивира од неволјата. Затоа, умеењето да се најде баланс, да се научат лекциите и да се продолжи понатаму. И тоа е основа на животната мудрост.

Во продолжение прочитајте 7 основни правила на животот кои ќе ви помогнат да најдете сила во тешки времиња:

  1. Помирете се со своето минато. Тоа може да ви ја уништи вашата иднина. Минатото не ја одредува вашата иднина. Иднината ја создаваат вашите уверувања и постапки.

  2. Мислењето на другите луѓе не е ваш проблем. Важно е само што мислите вие за вас.

  3. Времето лечи речиси сѐ. Раните нѐ прават она што сме, ја раскажуваат нашата приказна и нашиот пат до трансформацијата и создавањето на она што сме денес. Наша задача е да бидеме силни. 

  4. Никој не може да биде извор или причина за вашата среќа освен вие самите. Не губете време и сила во потрага по задоволство, радувајте се на она што го имате.

  5. Не го споредувајте вашиот живот со животот на другите. Не знаете каков бил нивниот пат.

  6. Не размислувајте премногу. Не можете да ги знаете одговорите на сите прашања. И понекогаш за некои прашања не постои одговор. Само прифатете го тоа и продолжете понатаму.

  7. Смејте се. Проблемите на овој свет не се ваша задача за решавање. Насмевката може да го поправи мрачниот ден и да го направи животот малку посветол. Насмевката, понекогаш, може да промени сѐ!