Седница на Централниот одбор на СДСМ, се очекуваат одлуки за ново партиско раководство

 Седница на Централниот одбор на СДСМ ќе се одржи вечер со  почетокот во 19 часот во седиштето на партијата.

Како што информираат од прес-службата на СДСМ, седниците на Централниот одбор се работни. За заклучоците и одлуките на ЦО, ќе информираат по завршување на седницата за што медиумите ќе бидат дополнително информирани.

Се очекува на Централниот одбор на СДСМ новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер. На седницата на ЦО треба да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ, но не и за министерските функции во новиот владин кабинет.

Седницата ќе се одржи со обезбедување на соодветни услови согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид – 19, додаваат од партијата.