Седми меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“

Од денеска до петок, ќе се одржува седмиот меѓународен филозофски дијалог „Исто-Запад“. 

Симпозиумот е во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Филозофското друштво на Македонија.

Симпозиумот се одржува во Скопје и Свети Николе. Годинашна тема на симпозиумот е „Наследството на античката филозофија како мост меѓу Исток и Запад“ (The Heritage of Ancient Philosophy as a Bridge between East аnd West).

На тридневниот симпозиум ќе се одржат пет сесии со 23 излагања на учесници од 12 земји: Словенија, Грција, САД, Русија, Шпанија, Романија, Турција, Словачка, Србија, Босна и Херцеговина, Тајван и Македонија.

-Овој реномиран меѓународен филозофски диајлог првпат се одржа во 2015 год., кога беше организиран тридневен симпозиум на тема „Наука и религија“. Во наредните години теми на дијалогот беа: „Правото меѓу политиката и етиката“ (2016), „Филозофија на образованието & филозофија во образованието“ (2017), „Биоетиката на крстопат“ (2018), „Кризата на идејата за Европа“ (2019) и „Филозофија на меморијата“, на кои учествуваа гости од дваесеттина земји, соопшти Филозофското друштво на Македонија.

Дел од сесиите ќе се одржат онлајн, а заинтересираните можат да пристапат преку следниот линк: https://msu-edu-mk.zoom.us/j/86172517956?pwd=S1BnV215aTg5VHZzbTJLSE0vQ0pHZz09