Сечење на четири дрвја на улица „Јуриј Гагарин“

На барање на околните жители, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска на улица „Јуриј Гагарин“ број 54 ќе извршат сечење на четири дрвја.

Дрвјата се премногу блиску до балконите и прозорите на зградата и при силен ветер и невреме може да паднат и предизвикаат материјална штета и загрозување на безбедноста на граѓаните што живеат таму.