Се запали угостителски објект во Центар среде ноќ

Денеска околу 03 часот по полноќ во полицијата било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје.

„Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, информираа од МВР.

Извршен бил увид.