Се запали „пежо“ во Гази Баба

Пријава за запалено возило пристигнала вчера утрото до полицијата. 

Како што соопштија од МВР вчера во 08:45 часот во СВР Скопје, Х.К.(20) од Скопје пријавил дека околу 08:00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот брат М.К..

Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.