Се запали куќа доцна синоќа во скопско Драчево

Се запали куќа во скопско Драчево. 

- На 31.03.2025 во 22.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во  населба Драчево настанал пожар во куќа во која живеел В.М.(40) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, соопштија од полицијата. 

Увид извршила екипа на СВР Скопје.