Се запали кујна во угостителски објект во скопски Карпош

Пожар изби во угостителски објект во скопски Карпош. 

- На 23.01.2025 во 11.06 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Карпош во Скопје, настанал пожар во угостителски објект сопственост на Д.С.(44) од Скопје, при што бил опожарен дел од кујната. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје, информираа од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.