Се заканувал со експлозија во средно училиште - Уапсен 15-годишник од тетовско

Уапсен малолетник кој се заканувал дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово.

Вчера околу 13:55 часот во село Џепчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба, извршија претрес во дом и помошни простории кај Б.М. (44) од с. Џепчиште.

- При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. За време на претресот присуствувале и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Во врска со случајот, лишен од слобода е неговиот 15-годишен син, поради сомнение дека испраќал закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово, инфомрираа од МВР. 

По целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Претходно, беше лишен од слобода 18-годишник од тетовско кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште.