Се заканувал на својот 78-годишен татко - Кривично ќе се гони стружанец

Кривично ќе одговара стружанецот кој се заканувал на својот 78-годишен татко и „дивеел“ низ домот. 

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Д.(49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 07.09.2026 во семејниот дом, пријавениот упатувал закани кон неговиот 78-годишен татко и фрлал предмети од покуќнината, инфомрираа од полицијата во дневниот билтен.