Се врши целосна реконструкција на плафоните во ООУ „Живко Брајковски” во Бутел

Веќе една седмица во ООУ „Живко Брајковски” во скопски Бутел се врши обнова и целосна реконструкција на плафоните кои претходно беа во катастрофално лоша состојба и од голема опасност за учениците.

- Грижата за нашите деца е наш приоритет. Тоа се манифестира преку континуираните проекти за унапредување на условите во основните училишта, информираше градоначалникот Дарко Костовски кој сподели и дека во дворот на ова училиште во завршна фаза е и изградбата на нов спортско-рекреативен комплекс со фудбалско игралиште со вештачка трева, ново модерно детско иралиште и нова фитнес зона.

- Инвестирајќи во обезбедување на најсовремените стандарди за мене како градоначалник е обврска и директен влог во развојот на нашите идни генерации кои треба да бидат гордост на општина Бутел, порача првиот човек на Бутел.